TRUCKS & 4X4

SHERP ATV од Русија е најдоброто теренско возило во светот!

После доминацијата на Lada Niva на планинските терени, Русите имаат нов натпреварувач, за кога и еден Hummer е мачкина кашлица…

SHERP ATV е сериозно теренско возило кое може без проблем да помине преку препреки со висина од 70 сантиметри и кое тежи само 1,3 тони! Во превод, исто како еден компактен автомобил!

Под хаубата се крие 1,5 литарски дизел без турбо полнач, кој развива 45 КС, врзан за мануелен менувач со пет степени. Ова можеби се чини како малку, но е сигурно доволно за возење по терен. Од SHERP ветуваат максимална брзина од 45 km/h на копно, односно 5 km/h во вода. Теренецот може да вози до 14 km/h во прва брзина, што е погодно за тешки терени.

Најимпресивното од се е што благодарение на краткото меѓуоскино растојание, ATV може да се сврти буквално во круг, исто колку што изнесува неговата должина!

Цената на овој брутален теренец изнесува околу 50.000 долари во Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *