COMPETITION

Дали 2’ Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше “успешна” организација?

Второто Оф Роуд Шоy се одржа во склоп на последната трка БМУ Европскиот Eндуро шампионат во областа Стенковец кај Скопје од 3-5 Ноември.

Организаторите беа брзи да го прогласат овој настан како најуспешен и најмасовен до сега но дали навистина беше така и кои се проблемите во македонскиот мотоциклизам кои дојдоа до израз на ова аматерско натпреварување.

Имено имавме пријава од учесниците на натпреварувањето дека на истото имало неправилности во мерењето на времињата на натпреварувачите поточно во класата УТВ.

Организаторите беа информирани за нерегуларностите на кои тие одговорија дека се било регуларно но не ја исклучија можноста за техничка грешка.

Но после нашата истрага и споредба на резултатите кои ги споделија организаторите , не треба да сте експерт за да оцените дека имало неправилности-пропусти.

Повеќе од очигледно е дека победникот во УТВ класата Тони Димитровски со помош на организаторите имаа влијание на резултатите на неговите последни три круга.

Од табелата јасно се гледа огромно подобрување на неговите резултати во однос на неговите први три круга каде исто такво подобрување е безмалку невозможно во ваков тип на ендуро натпреварување.

Уште по загрижувачки е тоа што кога ги погледнавме резултатите од претходната година од истиот настан истите неправилности се повторуваат, овојпат во АТВ класата.

Ова е јасен показател дека натпреварувањата од овој карактер во Македонија се нетраспарентни и влијаат крајно демотивирачки кон ентузијастите во овој спорт а особено кон учесниците кои се занимаваат професионално, ризикуваат и вложуват премногу а нивните квалитети не можат да дојдат до израз.

Дали со овие информации, организацијата на Оф Роуд Шоу Скопје ќе има пообјективен увид на ваквите неправилности во иднина ?

Она што е најважно, натпреварувањата од ваков карактер да бидат организирани како што доликува на секој спортски настан а тоа е пред се “Fair Play”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *