COMPETITION

10-то Традиционално Офф Роад Рели

Ве покануваме на едно прекрасно не секој деневно “ОФФ-РОАД“ доживување 10-то по ред и запознајте се со природните убавини на планината Плачковица. Ве покануваме на прекрасни “ОФФ-РОАД“ километри и безброј убави моменти зачинети со многу скара, пиво и прекрасна музика.

Релито е од ревијален карактер и натпреварувачки карактер, почетокот (стартот) ке биде од градскиот стадион во Штип (8:30часот), потоа следи панорамско возење по падините на планина Плачковица се до село Почивало (13:00часот) каде е предвидена (организирана) ручек пауза за сите учесници. По заврашувањето на паузата следи ОФФ-РОАД возење со неколку паузи на одредедни локации низ убавините на планината, се до планинарскиот дом “ВРТЕШКА“ (18:00часот) каде е предвидено преноќевањето. Сместувањето ќе биде во шатори.

За вечерта е предвидена одлична забава се до раните утрински часови со многу скара, пиво…(алхохолни-без алхохолни пијалоци, скара- не ограничено), а следното утро за доручек ке биде приготвена познатата Плачковичка чорба.

Почеток на кружна трка (09:30), прогласување на победниците и доделување на награди по категории (13:30) каде официјално ке биде завршено 10-то традиционално РЕЛИ Штип Плачковица.

Право на учество имаат сите добро намерни лица кои поседуваат некакво офф роад возило (ЏИП, КРОС МОТОР, АТВ, УТВ и т.н). Котизацијата ке биде 1300ден по лице, со котизацијата добивате: маица, доручек, ручек, вечера, алхохолни, безалхохолни и освежителни пијалоци.

Пријавување до 20.06.2017

Може да се пријавите на тел: 078-408-913, 078-423-101, 078-264-585
Мail: astibo.extreme@gmail.com
Facebook: Offroad Klub Stip; Hamachi Extreme

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *