TRUCKS & 4X4

Цркви и манастири во Мариово – 4х4 Екскурзии

Мариово е планински регион во Република Македонија кој изобилува со особено вредни и интересни за посета цркви и манастири.

Голем број од овие локации се единствено достапни со теренско возило, поради што особено интересни се 4х4 турите, кои покрај посетата на црквите и манастирите, Ви овозможуваат и незаборавно 4х4 доживување низ живописните предели на Мариово.

Цркви и манастири во Мариово – 4х4 доживување се две различни еднодневни тури, кои по потреба може да се комбинираат во дводневен настан.
Времетраењето и на двете тури е приближно исто и по договор може да се комбинираат во дводневен настан, со ноќевање во Мариово.

Тура бр 1

Вид на тура: Туристичко возење со Џип (4х4 возило)
Времетраење на турата: ~ 10 часа
Надморски висини: Битола: 615 m – Св. Ѓорѓи Паралово 975 м – Полошки Манастир 1155 м – Манастир Св. Архангел Михаил село Скочивир 630 м – Манастир Св. Димитриј, Трново
910 м – Манастир Чебрен 443 м – Битола: 615 m
Време на одржување: пролет, лето и есен. (во зима доколку дозволуваат временските услови)
Максимален број на лица по џип: возач + 4 лица
Тежина на турата: лесна, препорачана за сите возрасти

Почеток на турата:

08.00 – на претходно договорено место во Битола
– посета на манастирот Св. Ѓорѓи Паралово


– Туристичко возење низ живописните предели во близина на селата Ивени, Полог и посета на т.н Полошки манастир

– Манастир Св. Архангел Михаил село Скочивир

– Туристичко возење низ живописните предели на Мариово во близина на селата Петалино, Будимирци.
– Манастир Св. Димитриј, Трново

– Туристичко возење низ живописните предели на Мариово во близина на селата Будимирци, Зовиќ.
– Манастир Чебрен

– Туристичко возење низ живописните предели на Мариово во близина на селата Будимирци, Зовиќ.
– Манастир Чебрен

Тура бр 2

Вид на тура: Туристичко возење со Џип (4х4 возило)
Времетраење на турата: ~ 10 часа
Надморски висини: Битола: 615 m – Св. Атанасиј село Старавина 955 м – Село Градешница – 853 м – Манастир Св. Петка, село Бешиште 800 м – Манастир Св. Илија село Мелница 754м – Манастир Св. Никола село Манастир – 572 м – Село Чаниште 600 м – Битола: 615 m
Време на одржување: пролет, лето и есен. (во зима доколку дозволуваат временските услови)
Максимален број на лица по џип: возач + 4 лица
Тежина на турата: лесна, препорачана за сите возрасти

Почеток на турата:

08.00 – на претходно договорено место во Битола или Прилеп

– Посета на манастирот Св. Атанасиј, село Старавина

 

– Туристичко возење низ живописните предели на Мариово во близина на селата Градешница – Бешиште
– Манастир Св. Петка, село Бешиште

– Манастир Св. Илија село Мелница

– Манастир Св. Никола село Манастир

– Туристичко возење низ живописните предели на Мариово во близина на Расимбегов мост, селата Крушевица и Чаниште.

Враќање во Битола/Прилеп (доколку се работи за еднодневна тура)

Во зависност од условите, можен е обратен редослед на посета на локациите
Ноќевање во етно куќа „Кај Мостот“ во село Зовиќ (доколку се работи за дводневна тура)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *