TRAILS & EVENTS

Планинарски патеки на Пелистер

Националниот парк Пелистер е уникатна и живописна природна околина, која овозможува атрактивни и авантуристички доживувања за пешачење и планинарење.

Со задоволство Ви ги презентираме пешачките и планинарските патеки низ Националниот парк Пелистер:

1. Кружна планинанарска патека до врвот Пелистер и назад до хотел Молика

Хотел Молика – врв Пелистер – хотел Молика
Должина на патеката:21км
Време:8,5ч (приближно)
Тежина:многу тешко
Висински точки на патеката:1420м – 1936м – 2468м – 2542м – 2601м над морска височина, и назад до Молика.
Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
Планинарски дом “Копанки” 1610м
Видиковец 1936м
Врв “Стив” 2468м
Врв “Илинден” 2542м
Врв “Пелистер” 2601м
Камењар 2000м
Цапарска Пресека 1590м
Хотел Молика 1420м
Се препорачува за физички здрави, јаки и искусни планинари.

2. Планинарска патека до Големо Езеро

Хотел Молика – Цапарска Пресека – Мало Езеро – Големо Езеро ,, Планинарски дом ,,Димитар Илиевски – Мурато“
Должина на патеката: 16км
Време: 8-9ч (приближно)
Тежина: тешко
Висински точки на патеката: 1420м – 1590м – 2000м – 2180м – 2220м над морска височина
Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
Цапарска пресека 1590м
Мало Езеро 2150м
Големо Езеро (Планинарски дом “Димитар Илиевски – Мурато”) 2218м
Се препорачува за физички здрави, јаки и искусни планинари.

3. Планинарска патека до ,,Јоргов Камен“

Хотел Молика – Копанки – Јоргов Камен – назад до хотел Молика
Должина на патеката: 4км
Време: 2-3ч (приближно)
Тежина: не многу тешка
Висински точки на патеката: 1420м – 1610м – 1744м – 1610м – 1420м над морска височина
Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
Копанки 1610м
Јоргов Камен 1744м
Копанки 1610м
Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
Препорачано за сите вљубеници во природата!!

4. Историска патека од Прва Светска Војна – 1914-1918

Хотел Молика – Инфо центар – хотел Молика
Должина на патеката: 2,5км
Време: 2ч (приближно)
Тежина: лесно
Висински точки на патеката: 1420м – 1350м – 1420м над морска височина
Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
Инфо центар – Национален Парк Пелистер 1350м
Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
Се препорачува за сите кои го посетуваат хотел Молика и Националниот парк Пелистер

5. Патека до “Голема Ливада”: Хотел Молика – Детско одмаралиште – Мала Ливада – Голема Ливада – Инфо центар на Национален Парк Пелистер – Хотел Молика

Должина на патеката: 6км
Време: 2-3ч(приближно)
Тежина: не многу тешко
Висински точки на патеката: 1420м – 1270м – 1240м – 1187м – 1350м – 1420м над морска височина
Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
Детско Одмаралиште 1270м
Мала Ливада 1240м
Голема Ливада 1187м
Назад до Молика
Инфо центар на Национален Парк Пелистер 1350м
Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
Се препорачува за сите кои го посетуваат хотел Молика и Националниот парк Пелистер

6. Патека до “Палиснопје”: Хотел Молика – Инфо центар – Палиснопје – Копанки – Хотел Молика

Должина на патеката: 7км
Време: 3ч(приближно)
Тешкотија/тежина: лесно
Висински точки на патеката: 1420м – 1350м – 1400?м – 1610м – 1420м над морска височина
Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
Инфо центар 1350м
Палиснопје 1500м
Копанки 1610м
Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
Се препорачува за сите кои го посетуваат хотел Молика и Националниот парк Пелистер

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *