TRUCKS & 4X4

Најдобрите теренци на денешницата

Некои возила можат да поминат низ терен кој некои луѓе не се нафаќаат да го изодат ниту пешки. Ова се најдобрите од нив кои можат да се купат денес.

Џип Гранд Чироки

Џип Гранд Чироки е сестрано и удобно возило кому никаков терен не му е проблем. Тој е еден од најмоќните теренци денес и е меѓу најевтините од нив.

2011 Jeep Grand Cherokee

Ленд Ровер ЛР4

Ленд Роверот е синоним за моќен теренец. ЛР4 е подеднакво добар и во градски услови и на оф роуд, особено поради одличниот систем за контрола на тракцијата.

Тојота ФЏ Крузер

Сигурно не е најубавото возило, но неговите специфични пропорции го прават доста моќен и привлечен за оние кои сакаат со ваква машина да поминат по најтешките терени.

Нисан Екстера Про-4

И овој модел е наменет за возење и во градски и во оф роуд услови. Неговиот изглед не е многу променет низ годините, но неговата моќ сè уште го држи високо на листите.

http://www.autogaleria.hu –

Тојота 4 Ранер Трејл

Жестоките тестови кои ги помина овој модел покажаа дека добро се снаоѓа во секакви услови, истовремено нудејќи доста удобно возење.

Џип Вранглер Рубикон

Култниот и преубав Џип Вранглер истовремено поседува мотор со 260 коњски сили. Не е за чудење што тој е најпосакуваниот теренец на светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *