TRAILS & EVENTS

Големо, Мало eзеро – Национален парк Пелистер – еднодневна 4х4 екскурзија

Според легендата, Пелистерските очи (Големо и Мало езеро) настанале од солзите на две сестри, кои биле вљубени во истото момче – Пелистер.

Нивната мајка не дозволувала нити една од нив да се омажи за момчето и во бес ги испратила во планина, со клетва да бидат блиску една до друга, но да не можат да се видат. Од жал, ќерките пролеале толку многу солзи, што од нив се создале две прекрасни езера.
Сместени на надморска височина од 2.218 м (Големо) и 2.180 м (Мало), Пелистерските очи се одлична локација за љубителите на природата. Изнајмувањето на 4х4 теренско возило, е најдобрата варијанта за посета на овие живописни локации.

Pelister National Park, Bitola, Macedonia
Pelister National Park, Bitola, Macedonia

Програма:

08.00 ч – Поаѓање од претходно договорена локација во Битола
– Туристичко возење низ селата низ Национален Парк Пелистер со кратки паузи на живописни локации.
– Посета на Мало езеро (2.190 m)
– Посета на Големо езеро со можност за разгледување на прекрасната природа и пејсажи, да вдишите чист воздух, да се напиете чиста изворска вода или планински чај во планинарскиот дом (доколку работи).
– Пристигнување во Битола во попладневните часови

Вид на тура: Туристичко возење (Џип такси по порачка)
Тежина на турата: средна
Локација: Национален парк Пелистер
Време кога може да се оганизира турата: Мај – Ноември
Траење на турата: 8-10 часа
Надморски висини: Битола (Старт и финиш) 615 m, Мало езеро 2.180 м, Големо езеро 2.218 м, Антена 2.601 м
Максимален број на лица по џип: Наш возач + 3 (за поголеми групи може да се организираат повеќе џипови)
Цена: Пополнете ја контакт формата за повеќе информации

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *